Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид во своето гостување во Студио 10 зборуваше за темата која беше викендот актуелна поврзана со Охрид, а тоа беше блокада на влезот на Охрид која се случи поради градежни активности.
Имено Пецаков во врска со ова посочи дека со започнувањето на овие градежни активности сега пред почетокот на туристичката сезона, се губи многу во туризмот.
-Наше е да се избориме, повторно со замолница, со културно, со разбирање, едноставно мораме да имаме разбирање за ова. Најбитната работа е не дека како на Кирил како градоначалник му текнало, за ова имавме реакции од луѓе засегнати директно кои што ги гледале, дополнително Брзата помош, пристапноста до Центарот за трауматологија до Центарот за кардиоваскуларни заболувања, вели Пецаков.
На крај Пецаков заклучи:
-Јас не знам какви сеуште предизвици не чекаат пред нас во овие следни 30-40 дена, доколку го испочитуваат рокот, а притоа не са отвори главниот влез во Охрид.