Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков е големиот победник во Охрид. Во македонскиот бисер веќе се прославува победата, која, како што вели Пецаков, не била неочекувана.
Сите кои живеат во Охрид недвосмислено ја искаѓаат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, рече Пецаков пред изборниот штаб и додаде дека разликата меѓу него и противкандидатот, актуелниот градоначалник Константин Георгиевски е огромна.