Деновиве се започна со реконструкција на долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште и на истото се планира во наредните три недели да се завршат градежно-санациони активности како дел од првата фаза за комплетно уредување и адаптирање на игралиштето за потребите на многубројните фубалски школи и фудбалски клубови.

Во првата фаза ќе се изврши нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева и дополнително заградување на фудбалскиот терен, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.