На средбата било разговарано за можностите за продлабочување на меѓусебна соработка.
Од Општина Охрид информираа дека амбасадорката Брнз ги пренела искуствата од државата Вермонт во развојот на еко-туризмот како практики применливи и во Охрид. Истовремено биле посочувани и можностите за соработка во областа на образованието со Вермонт.
Градоначалникот Пецаков ја информирал гостинката за планот и динамиката во реализирањето на предвидените инфраструктурни и капитални проекти, како и за ставот за продолжување со работа во насока на зачувување на статусот во УНЕСКО. Притоа амбасадорката Брнз ја истакнала својата поддршка за заложбите за зачувување на универзалните вредности и јавното добро.
Градоначалникот и амбасадорката разговарале и за актуелни локални теми, како и за предизвиците во развојот на туризмот во пандемискиот период.