– Се колнам во Бога, моето семејство, селаните, домородните луѓе, рондеросите (селските патроли), рибарите, професионалците, децата, тинејџерите, дека ќе служам како претседател на републиката, изјави 51-годишниот селски учител.
Тој додаде дека ќе работи за земја без корупција и за нов устав.
Педро Кастиљо од левичарската Партија на слободно Перу победи на претседателските избори во Перу со 50,125 отсто од гласовите, по 100 процентно пребројување на гласовите. Според изборната комисија, за Кастиљо гласале 8.835.579 гласачи.
Неговиот противник, Кеико Фуџимори, кој се кандидира во име на Народната партија на власта, освои 49,875 отсто или 8.791.521 глас.