Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза и кој во моментов е хоспитализиран на Универзитетската клиника за да го прима лекот „Трикафта“ тврди дека предвреме добил отпусно пусмо како и дека хоспитализацијата му е скратена за неколку дена.

Тој тврди дека мора да биде хоспитализиран на секои три месеци по 14 дена но овој пат ќе биде пуштен порано.

Дека утре ја напушта Универзитетската клиника претходно беше соопштено и од Клиниката за детски болести.

Објаснува дека неговото лекување почна на 4 април, а задолжително треба да трае до 18 месецов.

-Дојде директорката и во два наврати ми рече како се однесувам. А ова болница е како нејзина лична сопственост, од татко ѝ и од мајка ѝ . Тоа е срам. Го повикувам премиерот, претседателот на државата да дојдат тука да се соочиме да видат како однесување има тука, во оваа држава. До кога ова здравство ќе не третира како ѓубриња? Просто кажано, рече Пехчевски.