Потезите на Северноатлантската алијанса предводена од САД се причината што доведе до „критична точка“ на тензиите меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан.
На редовниот брифинг пред медиумите тој ги повика САД сериозно да ги земат предвид забелешките на Кина и да избегнуваат активности со кои се поткопуваат кинеските интереси, како по однос ставот што Пекинг го има по украинското прашање, така и по однос кинеските врски со Русија.