Денеска во Собранието законите беа изгласани од власта и опозицијата заедно, но и покрај тоа од владејачкото мнозинство се осмелија да донесат во Собранието двајца пратеници позитивни на ковид-19.

Во однос на уставноста и законитоста во работењето на Собранието, претседателот на државата нема надлежност истата да ја преиспитува, за неа е одговорен претседателот на Собранието, а по усвојувањето на законите и Уставниот суд.

На крајот, претседателот Пендаровски апелира до сите политички субјекти да се однесуваат одговорно и да не најавуваат апсења и затворски казни за своите политички противници, затоа што тоа е во исклучива надлежност на правосудните органи.