Советот за безбедност утре со почеток во 15 часот ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
На дневен ред на редовната седница на Советот за безбедност ќе биде безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион.
-На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, информираат од Кабинетот на претседателот.