Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование.

Учениците од второ одделение на почетокот на второто полугодие ќе ги добијат учебниците по математика и општетство, најави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма.

Инаку, учениците од пониските класови во основното образовние, но и дел од повисоките, како и оние во средните училишта, цело полугодие учеа без учебници. За пониските класови во основното, беа изработени материјали (еден учебник за четири предмети). Откако им беа поделени новите учебници, изработени според новата програма, учениците добија насоки дека во нив не смеат да пишуваат одностно да решаваат задачи. МОН потоа се објаснуваше дека во оние учебници каде е оставено место за решавање може да се пишува, но во другите не, затоа што тие треба да преминат на следната генерација.
Сепак, наставниците на децата им забранија пишување во учебниците.
Дополнително, се појавија проблеми и со содржината, па така беше забележано дека Монт Еверест е висок речиси 29 километри, затоа што мерките изразени во стапки (според американскиот метрички систем) само биле претворени во метри, односно бројкат остана иста. Беа забележани и други неправилности, во речиси сите учебници, па МОН рече дека учебниците нема да се препечатуваат ако барем 70 отсто од содржината е точна, што навчеле гнев кај родителите, а авторите на учебниците се најдоа навредени.
Дел од оние учебници, кои досега требаше да бидат испечатени, уште не се стигнати до некои ученици, но МОН денеска информира дека второоделенците ќе ги добијат книгите.

Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници.

-Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири.