Изразувајќи благодарност за континуираната и конзистентна поддршка од Шведска за нашата европска интеграција, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на државата кон реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото и го повтори ставот дека натамошното одложување на процесот на проширување ќе има долгорочни негативни последици за развојот и стабилноста на регионот. Во таа насока, информираат од кабинетот на Пендаровски, претседателот изрази очекување за продолжување на шведската поддршка за нашиот евро интегративен пат.

Пендаровски истакна дека Македонија високо ја цени континуираната поддршка од Шведска за јакнење на капацитетите на македонските институции, особено во областа на демократијата, владеењето на правото и заштитата на животната средина. Истовремено, изрази благодарност за поддршката што нашата држава ја добива преку програмите на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) во повеќе области.

На средбата, што се одржа во рамки на работната посета на Кралството Шведска, претседателот Пендаровски и премиерот Лофвен дискутираа и за билатералните односи меѓу двете држави при што оценија дека се посветени на натамошно динамизирање на политичкиот дијалог.