За падот на дронот од Украина во Хрватска се води истрага и во НАТО Алијансата, настрана од кривичната која се води во Хрватска, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју во ТОП ТЕМА.
За денешниот дрон вели дека тој е помал од малите авиони, има мала рефлексија на радарите и лета ниско.
-Македонија има системи, сепак тие не се доволни, а нашето небо го обезбедуваат други држави кои имаат подобри системи, вели Пендаровски.
-Македонија сама не може да детектира таков дрон и не би можеле да го срушиме на време, сепак во вакви судири каде голема земја напаѓа исто така голема територија како Украина можни се намерни и ненамерни случаи, вели претседателот Пендаровски.