Претседателот Стево Пендаровски во целост се согласува со изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност и смета дека тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење, се додава во реакцијата на претседателот на Републиката на соопштението на министерот Филипче, со кое реагираше на изјавата на шефот на држвата по денешната седница на Советот за безбедност.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, како што се наведува во соопштението на Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година се направени преку Кабинетот на шефот на државата.

И од тогаш до денес претседателот Пендаровски е активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Министерот за здравство Венко Филиче, претходно, реагираше на изјавата на претседателот Пендаровски дека „она што викендот го гледавме во Србија, каде се вакцинираа нашти граѓани е срам за државата и не смее да се повтори“.

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски. Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинирана и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја, вели Филипче во писмената реакција.

Тој посочува дека Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре.

– Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, вели Филипче.

 

Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на…

Posted by Stevo Pendarovski on Tuesday, March 30, 2021