– На маргините на Самитот за климатски промени #COP26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница.
Во обраќањето на пленарната сесија вчера, Пендаровски истакна дека наша цел е до 2030 година да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51 отсто, во споредба со нивото од 1990-та година.
– Се стремиме да ја трансформираме Северна Македонија во економија со ниска емисија на јаглерод, зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија, посочи вчера Пендаровски.