Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, остварил средба со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент.
Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Македонија, за реформскиот процес, како и за политичките состојби во нашата држава и во регионот.
На средбата била реафирмирана поддршката на САД за европските аспирации на Македонија, и било изразено очекувањето од официјален Вашингтон дека државата ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија