Името на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски од СДСМ се поврзува со скандалот во М-НАВ. Тој нервозно рече дека неговите роднини работат таму што пред да бидам роден, но и обвини зошто добива такво прашање наместо за проектот во министерството за земјоделство кој се промовираше на денешната прес-конференција.

Премиерот Ковачевски обвини дека македонската авијација е семејна фирма, а за ова се согласи и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека семејна фирма е, да, но пред сѐ заради ДУИ и СДСМ кои имаат блиски роднини кои работат во М-НАВ. Еден од владините функционери кои имаат роднини во М-НАВ е и Љупчо Николовски.

Вработувањата во М-НАВ под лупа на Државниот инспекторат: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за семејни вработувања

На прес-конференција утрово по потпишувањето на договор за пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување доби новинарско прашање надвор од темата, а тој со дрзок одговор врати на новинарката.

„Жалам што наместо да се интересирате за темите за земјоделие, се обидувате да ширите невистини и лаги. Жалам што во 2023 година имавме над 100 проекти, не се испромовира тоа што работеше овој тим. Чичко ми работи таму пред да бидам роден. Зарем некој што не е роден може да влијае? И тоа ви е најбитната тема, наместо да информирате она што граѓаните ги интересира?“, реагираше Николовски.

Кога новинарката реагираше дека ова е прашање од јавен интерес, Николовски рече „Полека“, пренесе Скопје1.

Вчера Стоилковски кажа дека за првпат се согласува со Ковачевски.

За прв пат би кажал дека можам да се сложам со Димитар Ковачевски дека М-НАВ е претворена во семејна фирма, но тој требаше да оди до крај и да каже дека тоа е семејна фирма на власта на ДУИ и на СДС, каде што како што рековте снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, чичко и братучед на Љупчо Николовски се вработени таму и што самиот призна. Но и двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири исто се вработени во М-НАВ“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска одговарајќи на прашање на медиуми

ВМРО-ДПМНЕ објави и скица за поврзаноста во М-НАВ на функционерите на ДУИ.

Хронолошки конфликтот ескалираше на 4-ти јануари кога група од осум насилници, еден од нив вработен во М-НАВ, влезе во контролната кула на Скопскиот аеродром и натепа контролор на летање на работното место, во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ. Тие беа предводени од членови на ДУИ и контроверзниот Беким Незири.