Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Лорд Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.
На средбата се потврди долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство кое се отсликува преку постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес, а билатералните односи се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво.
Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, безбедносната ситуација во регионот и Европа во контекст на војната во Украина, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.