Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека во државава намерно се застаруваат предмети.
Според него, мора да се открие зошто е тоа така.
„Јас сум прислушкуван цели 3 години, тој предмет е три пати враќан на повторно судење. Зошто не е завршен до сега? Тука има опструкции кои се правени на страна на дел од судиите. ОСум години не може да осудите предмет… Вие може да барате изговори… Добрила Кацарска го осуди најкомплексниот случај 27април, дење ноќе имаше рочишта и го донесе до правосилна одлука. Значи се можело. ЈАс не навлегувм во казните и доказниот материјал, но многу уникатен случај, но ја заврши работата. За висината на казната може да се сложуваме или не. Еве да се вратиме за Сончев Град, во обвиниението стоело дека Јанакиески го направил делото во 2007 година, 16 години сме до првостепена одлука. Сакам да видиме зошто го прават тоа. Гледам што се се прави со тоа намерно забошотување на предмети, вчера застане предмет во кој беше Мијалков, во февруари застари предмет за кој новинарите одбројуваа, и нема одговорност и судскиот совет да реагира. ЈАс бев во 10 луѓе во 2016 кога доаѓавме на власт, кој се согласивме со аргументицјата на Брисел. Искрено ми е жал што не се спротивставивме на тоа“, вели Пендаровски.