Откако Собранието денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, претседателот примил формално известување дека таа е констатирана и сега течат уставните рокови, а новата влада се очекува да биде формирана за десетина дена.
Запрашан за новиот мандатар, Пендаровски рече дека тој мора да добие официјално име и презиме од партијата за да одлучи за таквата позиција.
– Не можам мандатот да го дадам на економот на „Бихаќка“. Треба да ми кажат на кој треба да го дадам мандатот. Ќе побарам потписи, видувања еден со друг. Ми треба име и презиме за кандидатот за премиер. Тоа ќе се случи во текот на следната седмица, рече Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5