Пред околу 11 години имав средба со еден човек, кој ми рече „сакам од тебе да направам претседател на Македонија“. Тоа е Зоран Заев.
Со овие зборови, актуелниот претседател Стево Пендаровски и кандидат за втор мандат поддржан од СДСМ вечерва го започна излагањето на митингот во Струмица, посочувајќи дека сака да каже неколку реченици за поранешниот премиер Зоран Заев, како и за ексминистерот за здравство и носителот на Изборната единица 4 Венко Филипче.
„Влеговме во заедничка битна во 2014 година, но година дена пред тие избори, тој беше сигурен дека ќе станеме еден ден тоа што сме. Тој премиер, а јас претседател. И ми рече вака, 2014 е само загревање за да ги добиеме следните избори и 2016 година и со масовна поддршка на македонските граѓани ние го победивме режимот со пенкало“, рече Пендаровски.