Како што соопшти владината прес-служба, двајцата претседатели разменија мислења за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Посакувајќи успех на претстојното шестмесечно словенечко претседателство со унијата, претседателот Пендаровски, се наведува, изрази очекување тоа да донесе придвижување во однос на интегративниот процес за земјите од Западен Балкан.
-Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е позитивен пример во изнаоѓањето на решенија за внатрешните предизвици и отворените прашања со соседите и посочи дека деблокадата на нејзиниот интеграциски пат е еден од важните предуслови за просперитет и стабилност на државата, но и на регионот пошироко, стои во соопштението.