Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во земјава.
На средбата беше разговарано за текот на подготовките на претседателските и парламентарните избори во Република Македонија.
Делегацијата од ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа информираше за целите на нивната предизборна мисија, како и за нивните активности, очекувања и улога во изборниот процес.
На средбата беше изразено очекување дека претстојните претседателски и парламентарни избори ќе бидат фер, демократски и во мирна атмосфера, во целосна согласност со националното законодавство и меѓународните обврски и стандарди.
Претседателот Пендаровски посочи дека како земја – членка на НАТО и земја којашто претендира да стане членка на Европската Унија, неопходно е на претстојните избори да демонстрираме максимална професионалност од државните институции и политичка коректност и зрелост од страна на сите политички субјекти инволвирани во изборниот процес.