Претседателот Стево Пендаровски ексклузивно во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21 порача дека руската федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог.
Според Пендаровски, луѓе од други земји се дојдени во Македонија со цел да испровоцираат инциденти.
-Имаме неколку дузини луѓе кои се дојдени од некои од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти на протестите. Не се наши државјани, вели Пендаровски.
Тој додава дека ретко кое момче од 18 години знае што е молотов коктел, да го направи и кога треба да го фрли.