-Ние сме платени за да трпиме секаква критика и невтемелена и втемелена од нашите граѓани и мене ми е драго што има и такви реакции, рече претседателот Стево Пендаровски, откако група граѓани денеска го исвиркаа пред црквата Свети Спас каде што се наоѓа гробот на Гоце Делчев.
-Нормално е во една демократска држава граѓаните слободно да го изразуваат своето незадоволство. Реакцијата е логична, нормална во една демократија. За тоа се боревме, бидејќи сакаме да живееме во демократска држава. Ние сме тука и ние сме платени за да трпиме секакви критики и невтемелени и втемелени од нашита граѓани и мене ми е мило што има такви реакции, рече Пендаровски.