Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски реагира на одлуката на Апелацискиот суд Скопје откако истиот одлучи да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина”, што се однесува на нелегалното прислушување, во која поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор. Судот вчера одлуки да го врати случајот на повторно судење.
-Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина”. Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата”, е ставот на претседателот Пендаровски по повод одлуката на апелацискиот суд за предметот „Таргет-Тврдина”, вели во реакцијата за МКД.мк, претседателот Пендаровски.
Тој се огласи и на Фејсбук.