Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Туркије. На повредените им посакувам брзо закрепнување, објави претседателот на Фејсбук
Претседателот на државата, Стево Пендаровски изрази жалење и сочувство до семејствата на сите настрадани од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција.
„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Турција. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, објави претседателот на Фејсбук.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала утрово во 04:17 часот по локално време ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија. Бројот на загинати и повредени лица постојано се зголемува. Во тек е голема спасувачка операција.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17,9 километри во Газиантеп и можел да се почувствува на оддалеченост од 300 километри. Земјотресот бил почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.