Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Македонија.

-Почитувани сограѓани од православна вероисповед, нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Посакувам, празникот да го минеме пред се во добро здравје, исполнети со љубов, радост и среќа, наведува Пендаровски.

Претседателот воедно изразува жалење што, како и минатата година, празникот и овој пат ќе мораме да чествуваме во изменети околности, почитувајќи ги сите правила и препораки за заштита од КОВИД.

-Соочувајќи се со пикот на четвртиот бран да бидеме одговорни и дисциплинирани. Да им даруваме љубов на ближните, имајќи особена почит за родителите, а разбирање и прифаќање за децата. Да не дозволиме ништо да ја разниша нашата вера и оптимизам и да ги сочуваме своите вредности и верувања без разлика на тешкотиите со кои се соочуваме. Сплотени да продолжиме да делиме милост и разбирање, отворајќи ги срцата за сите. Нека ни е честит празникот и за многу години, пишува претседателот Пендаровски во честитката по повод Успение на Пресвета Богородица.