Како што соопшти Владата, церемонијата може да се проследи во живо на Фејсбук страницата на премиерот Заев.

Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им е доделена на премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, ќе биде доделена од страна на претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Премиерот Заев синоќа, на својот фејсбук профил напиша дека храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства.

-Најголемата награда за нашиот подвиг е тоа што обезбедивме иднина за младите кои ги зближуваме. Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа. Уште една средба со драгиот пријател Алексис Ципрас пред утрешната церемонија по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, наведе Заев.