Многупати досега имам кажано дека внесувањето на помалите етнички заедници во Уставот, вклучително и на Бугарите, нема да ја загрози безбедноста на државата, ниту ќе ја разниша нашата внатрешна стабилност. Токму затоа го поддржав процесот за уставни измени и делегирав свој претставник во работното тело, рече претседателот на државата Стево Пендаровски.
Во воведно обраќање на кнференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, шефот на државата истакна дека е убеден дека колку сме поразлични, толку е поширок хоризонтот на можности.
-И сето тоа зависи само од нас и од нашата подготвеност да ја прифатиме различноста како општо добро, рече Пендаровски.