Ја злоупотребуваат Европската Унија за да крадат, а фатени се живи како крадат. Фатени се апла како имаат намера да профитираат од проект вреден неколку милијарди евра. И прават грешки затоа што се во паника. Уплашени се, колку и премиерот да ни држи лекции за неговото разбирање на сленгот за зборот храброст, кој го кажува на вулгарен и недостоинствен начин, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тоа што се лупа во гради не го прави храбар и сето ова доаѓа од човек:

• кој бега од служење воен рок,

• кој бега од избори и соочување со народот,

• кој се плаши да ја поднесе потпишана сопствена оставка,

• кој бега од соочување на јавна дебата

Тој не е храбар, тој може само да биде кукавица, пишува Мицкоски во својата објава.