Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на Светскиот лидерски самит на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26), што се одржува во Глазгов, остварил куси средби со американскиот претседател Џо Бајден, словачката претседателка Зузана Чапутова, германската канцеларка Ангела Меркел, индискиот премиер Нарендра Моди, израелскиот премиер Нафтали Бенет, британската министерка за Европа и Америка, Венди Мортон, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со поранешната британска премиерка Тереза Меј.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, шефот на државата денеска присуствувал и на настанот со кој се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.