Станува збор за напади на најмалку двајца бомбаши самоубијци, при што се загинати неколку десетици лица.
Претходно, на социјалните мрежи се појавија и вознемирувачки видеа, на кои се гледа местото на нападот и огромниот број на мртви тела по земјата.
Талибанската влада и голем број на медиуми, пренесоа дека позади нападот стои терористичката група ИСИС, но се уште нема официјална потврда.
– Можеме да потврдиме дека неколку службеници на САД во Авганистан биле убиени во денешните напади на аеродромот во Кабул. Голем број на други се третираат поради здобиени повреди. Исто така, знаеме дека голем број граѓани на Авганистан загинаа во овој грозоморен напад, се вели во објавата.