Покачувањето на платата на пензионерите останува во фокусот на вниманието, а денеска едни беа на работен состанок додека други на улица. Пензионерските здруженија на средба со министерката за труд Јована Тренчевска, пензионерите од Прилеп со протести и блокади ги повторија барањата, линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари и промена на методологијата за пресметување на платите.

Главната цел е да се најде соодветно решение, кое ќе биде прифатливо за сите засегнати страни. Тема во фокус на конститутивната средба бил законот за минимална пензија, по примерот на минималната плата.

Инаку, работната група доаѓа како одговор на притисокот на здруженијата на пензионери, кои изминатиот период протестираат и бараат линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари.

Пензионерите од Прилеп денеска ја блокираа клучката на излезот на Прилеп, пред автопатот Прилеп-Битола.

Пензионерите порачале дека нема да отстапат од барањето за линеарно зголемување на пензијата, а преку Уставен суд ќе побараат промена на методологијата за пресметка на платите.

Најава за интензивирање на протестите има и од пензионерите од Тетово. Тие утре ќе го изразат револтотна градскиот плоштад на градот под Шара.

Оттаму велат дека од 14 илјади членови на тетовското Здружение на пензионери, речиси половина се со ниски пензии, затоа што работеле во текстилната индустрија од каде имале минимални плати.