Скопјани ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека ЕСМ е подготвено да ги постави топловодот на мостот „Беласица“ по добивањето на соодветните дозволи од Град Скопје.

ЕСМ е подготвено уште од утре да го санира местото на мостот на кое треба да поминува топловодот, додаде Бектеши.