Пензионерите повторно на мета – стануваат главни жртви на телефонски измами

Пензионерите повторно на мета, откако вчера во СВР Битола 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари.

Според пријавеното, измамникот ја контактирал телефонски и ѝ рекол дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и прегазиле осумгодишно дете, и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето.

Жртвата, убедена во заканата, ги фрлила парите од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додека пензионерите остануваат една од најранливите групи за ваков тип измами.