„Проектот изградба на пречистителна станица на територија на Град Скопје е првично благодет за сите скопјани. Ние сме меѓу ретките метрополи кои што не прочистуваме отпадни води или прочистуваме многу мал дел од нив. за волја на вистината императив е и во ставките кои што треба да ги отвораме како поглавја за преговори со ЕУ е услов да имате пречистителна станица на отпадни води. И тоа е многу битен проект, но за жал некој не ја разбира важноста на проектот и го загрозува во завршна фаза“, истакна Златко Перински во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.

Перински додаде дека тој е исплашен, бидејќи навистина е жално таков проект како што е пречистелната станица, капитален проект да пропадне поради непознавање на материјата.

„Пречистелната станица е проект кој што се планира или пак се актуелизирал како прашање некаде околу 2010-та година, 2011-та можеби се до 2019-та година каде што се обезбедуваат две кредитни линии од страна на Европската инвестициона банка во висина од 68 милиони евра и Европската банка за обнова и развој во висина од 58 милиони евра. На сето тоа Република Македонија добива грант од Европската Комисија за Западен Балкан во висина од 72 милиони евра. Секој ден требаше да го потпишам договорот за грант. Значи секој ден. Се надевам дека новиот директор тоа ќе го стори“, појасни тој.

„Ние сме под ризик да ги изгубиме овие 72 милиони евра затоа што ниту една Европска банка нема да дозволи да се пласираат невистини и шпекулации во јавност додека трае процесот“, рече Перински.