„Не сум јас тој кој што цени дали ми се допаѓа еволуационата комисија или не. Предложените кандидати од страна на Водовод и канализација, односно еден од членовите беше надворешен консултант на кој што му истече договорот. И практично тој не беше еден од вработените на Водовод. И врз основа на тоа ја направивме таа промена на еволуационата комисија. Вториот член сам со пишан документ се обрати и сакаше изземање на комисијата. И пак тоа јас не го направив самоиницијативно. Сите овие материјали со образложение ги пратив до Европска инвестициона банка да прашам дали може. Ако може, може, но ако не може барем да ни предложат што да правиме. Дали треба нови договори да склучуваме со консултантот тоа требаше да ни одговори Европската инвестициона банка. Јас си добив позитивно мислење од Европската инвестициона банка“, појасни Златко Перински во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.

Перински додаде дека од Европска инвестициона банка сериозни луѓе ги гледаат документите пред да ви одговорат со да или не.

„Градоначалничката во таа фаза да сакаше да ги смени сите комисии, она ќе добиеше зелено светло. Затоа што еволуацијата почна од први март, а до први март траеше рокот на поднесување на понуди“, истакна тој.

„Ова е крајната фаза, значи до први март траеше собирање на понудите од последните три компании кои што останаа согласно сите пределиминации. Значи претходно имало елиминации и пределиминации за да стигнеме до потесен избор на компанијата. Значи ова е еволуација, ова е оној период кој што трае повеќе од две години“, рече Перински.

Перински појасни дека еволуацијата се состои од две фази и за избор на изведувач и за избор на надзор во две фази. Значи еволуацијата за избор на надзор е завршена комплетно. А, дописот кој што го има испратено градоначалникот, а се однесува на измена на членови и заменици членови во двете комисии се однесува после завршување на еволуацијата за надзор. А, тоа значи дека Банката нема да прифати да се менува комисија на завршена работа.

„Еве го дописот, ќе одиме и чекор понатака, Градот Скопје има можност да номинира по два членови и по два заменици во овие две комисии, и еден член во комисијата за жалби. Прво, дописот е катастрофа напишано. Ваков допис со потпис од градоначалник, само од градоначалник не смее да излезе од институција. И градоначалничката треба да ми каже кој член на чие место доаѓа, јас не можам да ценам од двата нејзини предложени членови кој треба да го замени овој нов член. Си има протокол како тоа се прави. Јас овој документ го преведувам на англиски јазик и го праќам во Европската инвестициона банка на одобрување и до консултантите кои што се задолжени за тоа преку проектната единица која што е одговорна за спроведување“, објасни Перински.

Тој рече дека дописот од градоначалник го добива на 01.08 и тој го испраќа до Европската инвестициона банка на 03-04.08. И добил одговор од Европската инвестициона банка на 05.08 каде што се вели дека во оваа фаза е многу симптоматично да се менува член на еволуациона комисија кога техничкиот дел од работата е завршен.

„Од Европската инвестициона банка велат дека вие не можете да еволуарирате финансиски дел ако не го знаете техничкиот дел, што е многу логично“, нагласи тој.