Маријана Перковска од текстилната индустрија во емисијата 24 анализа вели дека има фирми од текстилната индустрија што се ан слободниот пазар и кои плаќаат пет пати повеќе, а оние што се корисници на ЕВН, два до три пати повеќе.

– Има компании кои веќе се затвораат и не можат да ги апсорбираат тие трошоци. Проблемот е што голем дел од сметката опаѓа на моќноста. Ангажирана моќност се базира на случајни мерење и од страна на ЕВН се зема пикот. Што ако не се најде доволно струја на пазарот. – вели Перковска.