Перо Антиќ цела кариера потпишува за кошаркарски клубови, а денеска потпиша и за политичка партија – СНС и даде јасна поддршка за Александар Вучиќ.
Првиот човек на македонската кошарка кој е познат по силната поддршка на Александар Вучиќ, неодамна при гостувањето во Скопје му подари специјално дизајнирани патики со српски мотиви. Тој денеска и официјално се изјасни за поддршка на претседателот на Србија во пресрет на парламентарните избори закажани за средината на декември во нашата соседна земја.
Лидерот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во Белград преку потпишан документ ја изрази својата поддршка за изборниот список „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“, како дел од тековната борба за власт во нашиот сосед. За овој потег веднаш се пофалија од партијата опишувајќи го како човек со импресивен рекорд од три европски титули и искуство во НБА.
Во моментов, ангажманот на Антиќ во српските политички кругови првенствено се состои во давање писмена поддршка.
Сепак, српските медиуми шпекулираат дека тој може да учествува и во рекламна кампања за СНС и Вучиќ за време на претстојната изборна кампања. Покрај неговите блиски односи со српскиот претседател, една од причините за неговото одобрување на овој политички тим е веројатно и неговото пријателство со поранешниот соиграч во Црвена Звезда, Марко Кешељ, кој моментално ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за спорт. од страна на СНС и нејзиниот лидер.