Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.04.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.