Изразувам најостра осуда кон дискриминаторскиот однос кој го воведува Општата болница во Струмица, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеничаката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Ве прашувам: Дали доколку родилката нема извод од книгата на венчаните, нема да го извршите породувањето!?

Срам и брука!

Дали на овој начин, преку дискриминација СДСМ воведува напредок за жените во Македонија?

Македонија ја вративте децении наназад!

Македонија ја има најнеспособната влада во постоењето на светот!

Барам реакција од Министерот за здравство и одговорност од менаџментот на болницата во Струмица!