Го читам Јетон Шакири, министерот за образование и наука како преку медиумите се заканува и упатува ултиматум кон граѓаните на општина Гази Баба. Јетон закани од типот ќе ги одземеме ингеренциите па ќе постапуваме, не поминуваат, посочува Жаклина Пешевска, претседателкја на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.
„Прашај ги Артан Груби и Арбер Адеми зошто од 2019 година кога ветија ново школо во Идризово до денес немаат направено ништо за да го реализираат своето ветување.
Не дозволувајте да ве водат партиските интереси. Општина Гази Баба обезбедува услови согласно Закон за сите ученици да ја следат наставата на својот мајчин јазик.
Одземањето на ингеренциите на градоначалникот за управување со основните училишта ќе значи замена на децентрализацијата со централизација.
Не си поигрувајте со трпението на жителите на Гази Баба.
Закани, уцени и ултиматуми во Гази Баба не поминуваат“ – истакнува таа.