Таа рече дека СДСМ својата неспособност и несигурност ја покажаа на дело и ја преточија во еден куп мизогини, сексистички напади кон Данела Арсовска.
– Стравот од пораз целосно ги дезориентира, па кукавички се нафрлија кон жена. Достоинството и рамноправната борба на претстојните локални избори ќе изостанат бидејќи уште пред да почне кампањата, високи владини функционери преку спонзорирани ФБ страни од народни пари се дрзнаа да растргнат жена, која очигледно е нивна закана. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, најостро ги осудува овие тешки, навредливи коментари и изјави. Апелирам до сите женски организации, Клубот на пратенички во Собранието, сите форуми на жените од сите политички партии да ги осудат овие појави, во спротивно ќе сметаме дека ги поддржуваат, истакнаа Пешевска.
Таа ги потсети жените во политиката, дека жените започнааа кампања против насилство врз жените во политиката и во сите области во општеството и апелира во име на таа заложба да се реагира соодветно.
– Поддршка за секоја жена која ќе учествува на наредните локални избори! Стоп за насилството врз жените во политиката, додаде Пешевска.