Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на вестите во телевизија Алфа зборуваше за митингот кој вечерва ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи пред Влада кој всушност ќе претставува одговор на погубните политики кои власта предводена од СДСМ ги прави во последните 5 години.
-Веќе течат последните подготовки за вечерашниот сенароден митинг овде на платото пред Владата. Овој митинг кој го подготвувавме повеќе од месец дена и во последниве денови всушност во општинските комитети се бара возило плус за да дојдат што повеќе луѓе. Тоа ни кажува дека има огромно незадоволство и овој митинг ќе биде една силна порака, еден одговор на погубните политики што сме сведоци последните 5 години, како што гледаме последните 5 години во било која област што и да донесоа законско решение предизвикаа силен револт. Всушност ние завршуваме како земја со највисока инфлација во регионот, со највисок јавен долг, со највисоки цени на прехрамбените производи, на нафтата, на струјата, а во исто време со најниски плати, со најмалку капитални инвестиции, значи нема изградба на автопати, болници, но затоа имаме непродуктивни трошоци од страна на Владата. Овој митинг е еден од чекорите кои беа превземени претходно, нели претседателот Христијан Мицкоски понуди рака на Димитар Ковачевски но тој ја одби, како и се што одбиваат, потоа беше активната блокада во Собрание кое сеуште трае и следствено е овој митинг вечерва кој не само од членовите на партијата всушност и неопределените граѓани кои искажуваат големо незадоволство во сите ресори, рече Пешевска.
Пратеничката во текот на своето гостување порача дека со овој митинг ќе се испрати една силна порака дека е премногу од овие погубни политики и национални понижувања од страна на владата.
-Да пратиме една гласна порака дека е премногу од овие погубни политики, од овие национални понижувања и дека треба промени, дека решение се предвремените парламентарни избори со кои оваа Влада треба да се тргне од власт затоа што нема веќе капацитет да остане на власт, додаде таа.