Еурофарм Пелистер се наоѓа во незавидна положба откако го загуби големото дерби со Вардар 1961 (31-24), во рамките на плеј-офот во Суперлигата. Битолчани не успеаја да изненадат и полесно од очекуваното капитулираа кај шампионот. По неуспехот, своето мислење го изнесе најдобриот играч во тимот Жарко Пешевски.

„Мислам дека спортски е да се наеваме. Седум разлика е голема предност за Вардар, но ние не го кажавме последниот збор. Останавме должни на битолската публика, за оваа подрршка. Мора да се освестиме, вакви работи се случуваат на Балканот. 

Едноставно, потребно е искуство за овие дерби натпревари, а ние потфрливме во клучните моменти. Ние разочаравме, ама мораме да се поправиме и се надевам ќе се радуваме на крајот“, кажа Пешевски. 

Избраниците на Александар Јовиќ имаат тешка мисија, но според зборовите на Пешевски не и невозможна. Во спортот чуда се случуваат, па битолчани останува да покажат потполно спротивен лик на возвратниот дуел во мај.