Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнува дека распоредувањето американски војници во Европа е доказ дека Русија има причина за загриженост.
САД де факто продолжуваат да ги зголемуваат тензиите во Европа. Распоредувањето војници е најдобар доказ дека Русија има очигледна причина за загриженост – порача Песков.
Пентагон претходно соопшти дека 2.000 американски војници ќе бидат испратени од Cеверна Каролина во Полска и во Германија, а уште 1.000 војници, кои веќе се во Германија, ќе бидат префрлени во Романија.