Денеска низ земјата е регистрирано екстремно високо ниво на загаденост на воздухот со честички прашина. Во Ерусалим 70-годишна жена е повредена од гранка која се скршила од силниот ветер. Силни ветрови дуваат по целиот брег, на север, во пустините на југ и во централен Израел, додава радиото.
Обилните врнежи од дожд, придружени со грмежи, се очекува да продолжат и во текот на ноќта во северните, централните и источните делови на земјата, во Јудејската пустина и во регионот на Мртвото Море. Се очекуваат и поплави.