Референтниот Институт „Роберт Кох“ објави во неделата дека се регистрирани 33.498 нови случаи на зараза, со што вкупниот број заразени во Германија од почетокот на епидемијата се искачи на 5.021.469 зарзени. Покрај тоа, седумдневната инциденца на 100.000 жители се искачи на 289, што е уште еден негативен рекорд.

Политичките и здравствени функционери ги предупредуваат Германците дека лесно е можно да им претстојат тешки седмици во соочувањето со експлозијата на новите коронаинфекции. Меѓутоа, политичките челници и покрај тоа нема да се сретнат пред четвртокот за да дискутират што да се стори во справувањето со растечката епидемија.

Политичкиот одговор на Covid-19 е препречуван од фактот дека неодамнешниот раст следеше по парламентарните избори, но пред веројатно идната влада да успее да се договори за приоритетите и за распределба на ресорите, што е предуслов за преземање на должноста.

-Никогаш не бев толку загрижена од пандемијата колку што сум сега, изјави Сузане Јохна, шефица на лекарското здружение „Marburger Bund“.

Растот на зарзите е особено шокирачки, бидејќи во првите 18 месеци од глобалната пандемија на коронавирусот, Германија често беа наведувана како една од земјите коишто особено добро го контролираше ширењето на заразите. Меѓутоа, сега болниците предупредуваат дека им недостасуваат капацитети и простор за помош на пациентите. Многу медицински постапки се одложуваат поради епидемијата.