Филипче ги потврди шпекулациите
Поранешниот министер за здравство утрово ги потврди шпекулации дека ќе се кандидира за лидер на СДСМ. Тој во кратка изјва за медиумската информативна агенција рече дека ќе поднесе кандидатура.
Пет најсериозни кандидати
На вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 30-ти јуни циркулираат пет најсериозни имиња: Венко Филипче, Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Стефан Богоев и Игор Ивановски. Сепак, ако земе предвид дека крилото на Зоран Заев, познато како „струмичко“ кое ги „држи конците“ во СДСМ.
Славјанка Петровска
Министерката за одбрана во заминување, Славјанка Петровска и официјално најави дека ќе трча по оваа функција. Петровска која е пратеник во новиот парламентарен состав беше носител на листата во ИЕ6 каде СДСМ доживеа најголем дебакл. Сепак и покрај тоа таа останува во трката и ќе оди да биде прва жена претседател на политичката партија.
Јован Деспотовски
Претходната недела ексклузивно за Радио Лидер, Јован Деспотовски најави кандидатура за лидер на СДСМ. Тој вели дека партијата многу доцна почнала да зборува за одговорност, а за тоа според него партијата требаше да зборува уште на изборната ноќ. Тој е актуелен директор на ТИРЗ и долгогодишен член на раководството на СДСМ. Неговото име циркулираше и пред две години кога на тогашните избори за лидер беше избран Димитар Ковачевски кој за волја на вистината судејќи по изборните резултати се покажа како најлош лидер досега.
Венко Филипче
Сепак, за познавачите на состојбите убедливо најсериозен кандидат е поранешниот минситер за здравство и близок пријател на Зоран Заев, Венко Филипче кој „потајно“ има аспирации за ова клучно место на Бихаќка. Зад него стојат цели структури. Доколку токму Заев му даде поддршка на Филипче извесно е дека тој ќе го наследи клучното место на Бихаќка.
Стефан Богоев
Не изостанува ни релативно младиот Стефан Богоев кој моментално е директор на Царина, а има долг „стаж“ во оваа партија. Тој еден мандат ја обавуваше функцијата градоначалник на скопската општина Карпош.
Средба на поранешните партиски лидери?
Деновиве „гори“ во СДСМ. За ова да стане уште пореално говори и информацијата од Плусинфо, каде се споменува дека пред извесно време била одржана средба на поранешните партиски лидери. На иста маса седнале Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Владо Бучковски и Димитар Ковачевски, а сите тие заеднички зборувале „Што понатаму“. Не се знае дали на средбата бил поканет Бранко Црвенковски, но според шпекулациите тој не воопшто не бил дел од пресметките.
Ќе се кандидира ли и професорот Ивановски?
Меѓу имињата се споменува и Игор Ивановски, но според медиумите тој „со резерва“ ја прифатил оваа инфомација, па се трга на страна од иден лидер на социјал-демократите.
Ковачевски нема да трча по реизбор
Ковачевски нема да трча по реизбор. Ковачевски дојде на местото на Заев кој беше лидер на СДСМ од 2013-та година и кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од патиската, и од премиерската функција.