За Скопје да не биде загадено, односно да има ниво на ПМ 10 честички колку што имаат европските метрополи, потребно е да се донесат само овие 5 мерки:
1. Да се забрани греење на дрва, ќумур, нафта, пелети и останати загадувачки деривати на територија на целиот скопски плански регион.
2. Да се наплаќа за 500% поскапа регистрација на автомобили кои се постари од 2014, за 200% на понови од 2014 кои се дизел.
3. Да се наплаќа влез од 1000 денари дневно во централното градско подрачје за автомобили кои не се електрични или хибрид.
4. Да се мери во реално време загадувањето од сите индустриски објекти во скопскиот плански регион, да се казнуваат за пречекорувања од законски предвидените норми и ако е потребно да се затворат.
5. Да се контролираат дивите депонии, кои треба да се исчистат и просторот да се огради и чува или урбанизира.
Проблемот е што овие мерки народот никако не би ги прифатил и би го казнил на избори секој политичар кој би ги донел. Во исто време истиот народ се жали дека воздухот е загаден…
Затоа, канцер народе… Ќе си умираме со наложено ќумбе, а додека да умреме во болница ќе возиме со увозна кола која во Германија баба ја возела со изваден ДПФ…
Пишува: Љупчо Златев